Утре голем протестен Марш на опозицијата!

Од:

Здружената опозиција утре во Скопје ќе организира голем протестен марш под мотото „Отпор против партиско полицискиот режим“.

Маршот започнува од крстосницата на улица „Брадфордска“ со улица „Јури Гагарин“ со почеток во 12:00 часот.

Учесниците на мирниот протестен марш организирано ќе маршираат кон Министерството за внатрешни работи.

Движењето започнува во 12:00 часот од крстосницата на улица „Брадфордска“ со улица „Јуриј Гагарин“ (кај Салон 29), продолжува по улицата „Јури Гагарин“, каде се приклучува на улица „Народен Фронт“, сѐ до новиот Цветен Пазар, каде колоната се приклучува на Булеварот „Св. Кирил и Методиј“. Од тука, колоната се движи во обратна насока по истиот Булевар, покрај ТЦ „Рамстор“, сѐ до крстосницата со улица „Бихаќка“, каде се врти десно, под надвозникот продолжува право до Министерство за внатрешни работи, информираат од здружената опозиција.

Би можело да ве интересира

Илјадници демонстранти се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

(ВИДЕО) Зеленски потпиша контроверзен закон, започнаа најголемите протести од почетокот на војната

Притвор за седуммина уапсени во Ужице, адвокатите ја прекинаа работата

Десетици илјади луѓе се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

Вучиќ: Вечерва очекуваме обид за насилство, но државата е подготвена

Денеска во Белград протест на студенти кои блокираат, властите апелираат за мир

Горан Наумовски