• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Шилегов: Не навлегуваме во ничие право на лиценци, инсистирам топлификациската мрежа да се врати на Град Скопје

by А1он21/06/2018 - 14:36100
Share0

Не навлегуваме во ничие туѓо право на лиценците. Тоа што инсистирам е топлификациската мрежа која и е дадена на користење на компанијата Балкан енерџи груп (БЕГ), да се врати таму каде што е сопственоста, а тоа на Град Скопје.

Добивај вести на вибер

Ова денеска го изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов кој рече дека имајќи предвид дека топлификациската мрежа се води како сопственост на Република Македонија, ќе побара од Владата да ја додели на Град Скопје.

– Ги спремаме перформансите во текот на наредниот месец да ги основаме неопходните правни субјекти, за да можеме во август да побараме од Регулаторната комисија да започне постапка за издавање лиценци и на претпријатието кое се занимава со дистрибуција на топлинска енергија и на претпријатието кое се занимава со гасификација, посочи Шилегов.

Нагласи дека тоа што се обидува е да го врати на Скопје тоа што било одземено во последните 30 години.

– Таа мрежа е сопственост на градот, затоа што дел од средствата или партиципирањето во изградбата на таа мрежа се токму на граѓаните кои со плаќањето на приклучоците и услугите всушност ја имаат изградено таа мрежа. Тоа во 1999 година му било одземено од градот и ќе барам да се врати во сопственост на градот и да ги регулираме тие односи, додаде Шилегов.

skopje

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

Горан Наумовски23/01/2026 - 13:38

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски19/01/2026 - 12:4819/01/2026 - 12:57

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Горан Наумовски10/01/2026 - 17:54

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он28/12/2025 - 14:48

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Горан Наумовски26/12/2025 - 18:02

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Горан Наумовски19/12/2025 - 14:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен