Кривични пријави за три лица од Кочани за перење пари

Од:

Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Оддел за финансиски криминал до Основно Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против три лица од Кочани осомничени за перење пари.

Како што соопшти МВР, кривични пријави се поднесени против Ѓ.И. (40), управител и сопственик на ДПТУ „Кинг Океан“ ДООЕЛ Кочани и управител на „ДПТУ Шери“ ДООЕЛ Кочани, И.Ѓ.(28)-вработен во ДПТУ „Кинг Океан“ ДООЕЛ Кочани и Д.И.(35) управител и сопственик на ДПТУ „Бамис-Ес ЈТД Даниела Иванова и други експорт-импорт Кочани поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело“. Пријави се поднесени и против две правни лица ДПТУ„Кинг Океан“ ДООЕЛ Кочани и ДПТУ „Шери“ ДООЕЛ Кочани.

Пријавените, во периодот од 2006 до 2012 година, на шест локации во Македонија, во Куманово, Тетово, Кочани, село Облешево, Македонска Каменица и Делчево во деловни простории сопственост на семејството на првоосомничениот или пак во изнајмени простории, кои не биле регистрирани за ваква дејност, поставиле 195 покер апарати и шест рулети и нелегално организирале игри на среќа, иако немале лиценца за работа. Притоа го користеле логото на правното лице „Шери“ кое било регистрирано за послужување пијалоци.

На овој начин тие ги одбегнале давачките предвидени со чл.87 и чл.160 од Законот за игри на среќа и за забавни игри, а истовремено не ги прикажувале приходите стекнати од незаконското работење на нелегалните автомат клубови.

Во текот на јуни минатата година во рамки на операцијата „Детонатор“, ЦСОСК поднесе кривична пријава против Ѓ.И. за сторени кривични дела „комар“ и „даночно затајување“ и по чл.156 од Законот за игри на среќа и за забавни игри, при што Буџетот на РМ е оштетен за износ од 235.551.088,00 денари или 3.830.099 евра.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он