Бошњаковски: Време е политичките субјекти да покажат одговорност за моментот во кој се наоѓа Македонија

Од:

Време е сите политички институции во Македонија, вклучително и претседателот Иванов, да покажат елементарна политичка одговорност за моментот во кој се наоѓа Република Македонија, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски во врска со денешната писмена изјава на претседателот Ѓорге Иванов дека неговиот став за договорот за името останува непроменет и повикот до премиерот Зоран Заев веднаш да поведе постапка за импичмент против него.

Бошњаковски уште еднаш повтори дека граѓаните на референдум ќе го кажат последниот збор и оти нивната волја ќе биде обврзувачка за сите политички субјекти во државата.

– Волјата на граѓаните изразена на референдум ќе биде обврзувачка на политичките субјекти. Но, за да граѓаните можат да ја изразат својата волја слободно, потребен е политички амбиент којшто тоа ќе им го овозможи. Апелираме до сите политички субјекти да им остават простор на граѓаните да ги изнесат нивните аргументи во јавноста. Нека ги убедат во било што сметаат дека е правилно. Граѓаните се тие кои што ќе одлучат, рече Бошњаковски на редовната прес-конференција во Владата.

Би можело да ве интересира

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

Левица: Инфлацијата јаде, владата молчи