Во Кичево денеска официјално ќе биде пуштена во употреба пречистителната станица за третман на урбани отпадни води.
Како што најави организаторот на настанот ќе се обратат премиерот Зоран Заев, евроамбасадорот Самуел Жбогар, вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, членот на извршниот одбор на WTE – Group, Вернер Казагранде и градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари.
Проектот е финансиран со средствата на Европската унија во износ од над 8,3 милиони евра и ко-финансирана со 15 отсто од Буџетот на Република Македонија во рамките на ИПА 1, Компонентата 3 од Оперативна програма за регионален развој 2007 – 2013.