Османи – Хоџај: Искуствата од преговорите со Унијата ќе ги споделиме и со нашите најблиски соседи

Од:

Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Приштина, оствари средба со Потпретседателот на Владата на Косовo – Енвер Хоџај.

Двајцата соговорници ја потенцираа заложбата на двете земји за европската перспектива на регионот, за што од интерес на двете земји е меѓусебно да се поддржат во процесот на интеграција во ЕУ.

„Македонија, има стекнато огромни искуства преку долгогодишните активности во рамките на процесот за Стабилизација и Асоцијација со Европската Унија, а во следниот период, со почетокот на преговорите со Унијата, овие искуства неколкукратно ќе се зголемат. Како најблиски соседи, со задоволство, овие искуства ќе ги пренесеме на колегите од Косово, а со цел забрзување и унапредување на европските перспективи на целиот регион“, додаде Османи, посочувајќи притоа дека наскоро се очекува заедничка Владина седница меѓу двете земји, како важен сигнал за исклучително добрите односи меѓу двете земји.

Соговорници едногласно се согласија дека доказ за ова е неодамнешното поставување на камен темелник на заедничкиот објект на двете држави т.е. поставување на камен темелник на заедничкиот граничен премин – Белановце Станчиќ, а изразија и задоволство за напредокот за изградба на патниот правец Скопје – Блаце, проект кој заедно со автопатот Приштина – Блаце, кој чија изградба е во тек, треба да го намали времето на патување меѓу Скопје и Приштина од сегашните два часа, на помалку од еден час.

Претходно, Вицепремиерот Османи оствари средба и со Претседателот на Косово – Хачим Тачи, каде се разговараше за европските перспективи на двете земји, на целиот Западен Балкан, како и за очекувањата од претстојните самити на Европската Унија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски