Груевски во посета на источна Македонија

Од:

Претседателот на Владата Никола Груевски денеска ќе го посети источниот регион на земјата.
Премиерот Груевски, заменик-претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески ќе присуствуваат на пуштање во употреба на новиот магистрален пат Радовиш-Струмица.

Со новиот патен правец во должина од 10 километри ќе се овозможи брзина на движење од 100 километри, наместо досегашните 40 километри.

Во изградбата на патот Радовиш-Струмица се вложени 445 милиони денари, обезбедени од државниот Буџет. Градежните работи ги изврши „Гранит“, по раскинувањето на договорот со претходниот изведувач заради доцнење со роковите, хрватска ИНГРА.

Премиерот Груевски, вицепремиерот Ставрески и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски потоа ќе присуствуваат на церемонија по повод завршување на изградбата на браната „Кнежево“ и придружни објекти, дел од хидросистемот Злетовица.

По завршувањето на настанот, премиерот Груевски и вицепремиерот Ставрески ќе присуствуваат и на пуштањето во употреба на пречистителната станица за вода за пиење во Пробиштип.

Би можело да ве интересира

Премиерот на Украина: Војната оваа година нè чини 155 милијарди долари

А1он

Членот на обезбедувањето на премиерот доби условна казна за тепањето на сопругата

А1он

Избрана нова влада во Приштина, Курти е премиер по трет пат

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров осуден на 15 години затвор за велепредавство

А1он

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка