Во Скопје денеска ќе се одржи третиот состанок на Меѓувладина мешовита комисија (ММК) за спроведување на Спогодбата за заштита на македонското малцинство во Република Хрватска и хрватското малцинство во Република Македонија.
Македонската страна во ММК ќе биде предводена од министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, а од хрватската страна од државниот секретар на Средишниот уред за Хрватите надвор од Република Хрватска, Звонко Милас.