Доскорешниот играш на Литвор Ритас и македонски репрезентативец, Предраг Самарџиски, ја засилува белградска Црвена Ѕвезда.
Поранешниот центар на Партизан и ФМП се согласи да го облече црвено-белиот дрес и со него да тргне во напад на првенството на Србија, АБА Лигата и Еврокупот.
26-годишниот и 211 центиметери висок центар ќе пристигне во Белград во недела, а оваа сезона имаше епизодна улога во Евролигата со литванскиот тим.