Разговори за заедничка контрола на граничните премини меѓу Македонија и Србија

Од:

Во Белград денеска заврши редовниот состанок на мешовитата Комисија за демаркација и одбележување на државната граница помеѓу Република Македонија и Република Србија, на кој меѓу другото било разговарано и за можностите за воведување заедничка контрола на граничните премини меѓу двете земји.

Како што изјави државниот секретар во МНР Виктор Димовски, кој ја предводи македонската делегација, на состанокот било разговарано за можностите за воспоставување на заедничка контрола на граничниот премин Табановце-Прешево, како и на граничниот премин Пелинце-Прохор Пчињски.

– Имајќи ги предвид потребите и барањата на жителите од останатите погранични општини, разговаравме и за модалитетите за прекатегоризирање на граничниот премин Голема Црцорија-Голеш, од локалален во меѓудржавен премин. Со оглед на тоа што се работи за пасивни општини од двете страни на границата, на барање на жителите и на раководството на општината Крива Паланка го отворивме и прашањето за дополнување на спогодбата за движење во пограничниот појас, кое предвидува жителите кои живеат во опсег од 30 километри од граничната линија да можат непречено да ги обработуваат своите имоти од друга страна на границата, изјави Димовски по состанокот со раководителот на српската делегација во МНР, Горан Продановиќ.

На состанокот, како што рече Димовски, било договорено граѓаните кои имаат имоти зад границата, а се иселиле во Куманово, Скопје и на други места да можат да имаат непречен пристап до своите имоти.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Србија отвори фабрика за израелски дронови, најавени уште три низ земјата

(ВИДЕО) Безобѕирно возење на српските патишта – еден се движи со 185, а другиот со 211 километри на час

А1он

Бегалец од Србија уапсен во Виена – пред седум украде голема сума пари, па побегна во Германија

А1он

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Распишани се изборите во Србија на 25 октомври

A1on