Макрдаули: „Југохром“ се обврза да постави филтри, наша задача е да ги провериме

Од:

Согласно задачите кои ги има добиено во рамки на оперативниот план, компанијата „Југохром“ се обврза да ги постави филтрите. Нашата задача како Министерство за животна средина и просторно планирање е да провериме дали тие се согласно стандардите што се предвидени и тука завршува нашиот дел во овој момент.

Ова денеска го изјави заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, одговарајќи на новинарско прашање.

– Откако ќе добиеме повторна информација од страна на компанијата и ново аплицирање, нашите служби ќе отидат и да го проверат тоа. Владата дава поддршка, но не можам точно да ви кажам колку тоа финансиски го направивме, рече Макрадули.

Министерството за животната средина и просторно планирање е домаќин на третата официјална посета од Европската агенција за животна средина – ЕЕА.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов