Јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин изјави денеска дека таа држава би можела да разгледа прекин на заедничките воени вежби со САД во обид да помогне за изградба на доверба и намалување на тензиите со Северна Кореја.
– Мун смета дека доколку Северна Кореја усвои мерки за денуклеаризација и ако продолжи со искрен дијалог меѓу двете Кореи, како и Северна Кореја и САД за намалување на непријателските односи, државата мора да го промени притисокот врз Северна Кореја во духот на изградба на меѓусебна доверба, како што е договорено во декларацијата од Панмунџом, се вели во соопштение од Кабинетот на Мун.
Јужнокорејскиот претседател тоа го изјавил на седница на Националниот совет за безбедност и додал дека Јужна Кореја мора да продолжи со блиската соработка со САД.