Сингапур заработил 5,3 милиони долари само од новинарите кои известуваа од средбата Трамп – Ким

Од:

Сингапур заработил 5,3 милиони долари само од престојот на новинарите што известуваа за средбата на врвот меѓу Доналд Трамп и Ким Џонг Ун, објави Стрејт тајмс.

Од средбата известувале околу 4.000 новинари и секој од нив останал околу три дена и потрошил најмалку 449 долари на ден. Освен тоа, расходите на американската делегација веројатно биле многу поголеми поради специфичната работа и подготовката на посетата на Трамп како и на самата средба, објаснуваат експерти.

Сингапурската компанија Мелтуотер кои прават оценки на медиумска ефикасност, објавија дека приходите на Сингапур од средбата ќе бидат не помалку од 524 милиони долари.

Претходно сингапурските власти соопштија дека расходите за средбата биле околу 15 милиони долари од кои половината за безбедност. Други 3,7 милиони долари се потрошени за организација на прес центарот.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски