Општина Кичево со апел до граѓаните да го платат данокот на имот

Од:

Општина Кичево започна со доставување на решенија за данок на имот и ги повика граѓаните да го платат данокот во предвидениот рок.

Подготвени се 17.276 решенија коишто даночните обврзници се должни да ги платат до крајот на годинава. Вкупната вредност на данокот на имот е 22.350.054 денари.

– Општина Кичево повикува да се наплатат решенијата во предвидениот рок. Наплатувајќи го данокот на имот, вие станувате дел од капиталните инвестиции на општина Кичево, придонесувате во подобрување на животот во вашата општина. Данокот на имот ќе се употреби за инвестиции, подобрување и изградба на улици, водоснабдување, изградба и подобрување на канализациони мрежи, создавање на јавни зелени површини, подобрување на условите по училиштата, јавната чистота, проширувањето на јавното осветлување и многу други проекти во интерес на граѓаните, се наведува во соопштението од општина Кичево.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси лихвар од Кичево, кај него се најдени пари и накит

Удрил во две девојчиња во Кичево и избегал, полицијата трага по возачот

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка