Стаклен билборд со ликот на Тоше поставен во Богданци

Од:

Со откривање стаклен билборд со ликот на Тоше Проески, денеска општина Богданци го одбележа 32-риот роденден на македонската музичка ѕвезда.

Во присуство на градоначалникот Ристо Ичков, учениците од Богданци со палење свеќи и пораки изработени од рацете на неговите најмали обожаватели, го поздравија откривањето на спомен-обележјето во градскиот парк.

Сметам дека со овој чин оддаваме скромна почит на ликот и делото на Тоше, а воедно излегуваме во пресрет на барањата на граѓаните, особено на желбите на младите, рече градоначалникот Ичков.

Дождот не ги спречи младите во голем број да се соберат пред билбордот на Тоше. – Со нетрпение го очекувавме овој момент. Јас и моите сограѓани сме пресреќни што ни се исполни желбата на омиленото наше место да се собираме и забавуваме со ликот на мојот најголем музички идол Тоше Проески, рече ученичката Ирина Карапеева од Богданци.

Би можело да ве интересира

Изложба во чест на Тоше Проески

Ана Ололовска

Тринаесет години од загинувањето на Тоше Проески

Ана Ололовска

Маратонците и годинава ќе трчаат во чест на Тоше

Ана Ололовска

Лилјана Петровиќ по смртта на Тоше ја промени професијата, таа повеќе не е менаџерка и не се занимава со музика

А1он

Крводарителска акција посветена на Тоше Проески

Ана Ололовска

Крушево се подготвува да го одбележи роденденот на Тоше

Ана Ололовска