Советничката на Заев, Љупка Цветкова, доби нова функција – ќе одлучува и за продажба на земјоделско земјиште

Од:

Советничката на премиерот Зоран Заев, Љупка Цветкова, која го советува претседателот на Владата за прашања од областа на администрацијата, е именувана и за член на Комисијата за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост.

Одлуката е објавена во најновиот број на „Службен весник“. Таа е именувана со потпис на премиерот Зоран Заев, заедно со уште 6 други лица.

Од Владата потврдија дека Љупка Цветкова, посебната советничка за администрација, е именувана за член на Комисијата за продажба на земјоделско земјиште.

„Љупка Цветкова е дипломиран земјоделски агроном со запишани магистерски студии на Факултетот за земјоделство“, стои во одговорот од Владата до „Макфакс“.

Како посебна советничка за администрација Цветкова месечно ќе добива 50.000 денари нето. Од Владата велат дека за новиот ангажман Цветкова ќе добива хонорар во висина од две месечни просечни плати вкупно на годишно ниво.

Потврдуваат и дека Цветкова е член на други две комисии во Министерството за земјоделство за кои не добива паричен надомест.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски