Дескоска: Европските стандарди се потреба на граѓаните на Македонија, не само услов на ЕУ

Од:

Министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска денеска оствари средба со амбасадорите на земјите – членки на Европската Унија, во организација на Делегацијата на Европската Унија и евроамбасадорот Жбогар.

На средбата Дескоска ја истакна својата силна определба за реформи во ресорот и истакна:

„Реформите ги правиме за подобрување на човековите права, за создавање на систем на владеење на правото, затоа што европските стандарди се потреби на граѓаните на Република Македонија, а не само услов за пристапни преговори со Европската Унија”.

„Кога ќе се загуби довербата во институциите, најтешко е таа да се врати. Секако, не можеме да очекуваме тоа да се случи преку ноќ, но ќе го ставиме судството на вистинскиот пат“.

Дескоска ги информираше амбасадорите за тековните реформски активности, како и за плановите за идни активности во приоритетните области – правосудството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, забрзување на административните постапки и унапредувањето на човековите права во Република Македонија.

Министерката за правда воедно најави дека во претстојниот период ќе следат бројни и значајни законски измени од приоритетните области кои ќе бидат спроведени во консултација со компетентни лица од областа на судството и обвинителството, експертската јавност и граѓанскиот сектор, а за кои ќе се бара широка поддршка од политичките партии претставени во Собранието на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

A1on

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Нова амнестија: На слобода сите осудени на затвор до шест месеци, ВМРО ќе го блокира Законот

A1on