Владата ќе ја одржи 72. седница

Од:

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи 72. седница на која, меѓу другото, ќе се најде информацијата за потребата за изградба на пливачки базени, која пред министрите доаѓа како предлог на Агенцијата за млади и спорт.

Треба да биде разгледана и Предлог-програмата за изменување и дополнување на Програмата за промоција и поддршка на туризмот за 2018 година, поднесена од Агенција за промоција и поддршка на туризмот.

На 72 седница ќе биде разгледана и информацијата со анализа на рангот на Република Македонија кај индикаторот „Услови за прекугранично тргување” со предлог-мерки за подобрување на состојбите согласно препораките на извештајот Doing Business 2018 на Светска Банка.

Владата ќе расправа и за предлог – законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, како предлог на Министерството за финансии, а на предлог на Министерството за економија на денешната седница ќе се разгледува предлог-законот за изменување на Законот за трговскитe друштва.

На денешната седница Владата ќе се произнесе и во однос на информацијата за напредокот на проектот Изградба на заеднички железнички граничен премин со придружни содржини „Табановце“ помеѓу Република Македонија и Република Србија, за состојбата заклучно со мај 2018 година.

Министерството за одбрана на владината седница ќе ја презентира информацијата за преземање и распоредување на професионални војници со навршени 45 години возраст во органите на државната и локалната власт и во други државни органи.

Од Министерството за труд и социјална политика се подготвени точките предлог-закон за спречување и заштита од дискриминација, како и информацијата за Ревидиран Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2018 година.

Владата на РМ ќе ја разледа информацијата за реализација на активности за воведување дуално стручно образование во средните стручни училишта, како и информацијата за Меморандум за соработка за основање на Меѓународен институт за одржливи технологии на Југо-источна Европа, како предлог на Министерството за образование и наука.

На дневниот ред на денешната 72 седница ќе биде разгледана и информацијата за прогресот и реализацијата на проектот „Надградба на објектите за царинење и инспекциски органи на граничниот премин Ќафасан, и информацијата за степенот на реализација на Акцискиот план за спроведување на Стратегијата за конкурентност на македонската економија 2016-2020 година, соопшти владинатаб прес служба.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски