Општините во акција за намалување на невработеноста

Од:

Со процесот на децентрализација општините во Република Македонија добија можност да управуваат со државно градежно неизградено земјиште, а со тоа и можност за привлекување потенцијални инвеститори.

Ова беше оценката на градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина за „Локален економски развој, инвестиции и мерки за отворање нови работни места“.

На трибината градоначалниците на Гевгелија Иван Франгов, на Петровец, Борче Митевски, на Битола, Владимир Талевски, на Кочани Ратко Димитровски, на Ѓорче Петров Сокол Митровски и на Илинден Жика Стојановски дебатираа за можностите за инвестирање во нивните општини и намалување на невработеноста.

Општините со новите надлежности се охрабрија и даваат свои поволности во рамки на законските можности да привлечат што поголем број инвеститори и да обезбедат поголем број работни места, рече Талески.

Тој истакна дека сите совети на општините донеле стратегии за локален економски развој за создавање услови за потенцијалните инвеститори, посочувајќи дека индустриската зона „Жабени“ во Битола располага со 86 хектари земјиште со комплетна инфраструктура. Досега, според него, има продадено 49 парцели на 29 инвеститори.

Досега имаме доделено три одобренија за градба на фабрики. Првото решение го дадовме на „Кронберт и Шуберт“, германско-австриска фирма и таму работат над 200 битолчани. Второто одобрение е за млекарница која чека пари од европските ИПА фондови и третото го дадовме на инвеститор кој ќе прави пластична амбалажа за прехранбена и хемиска индустрија, рече Талевски.

Во првата фаза, додаде, „Кронберт и Шуберт“ треба да вработи 2.500 лица, за три и пол години, а доколку се биде во ред со извозот и работата ќе изградат нова хала, каде што ќе се отворат уште 1.500 работни места.

Градоначалникот на Ѓорче Петров Митревски истакна дека во општината има пет индустриски зони, а најголемата е на површина од 150 хектари. Приоритет на оваа општина, според него, е да се изградат мали капацитети во кои ќе бидат вработувани од пет до 200 вработени.
Целта на општина Кочани, како што истакна градоначалникот Димитровски, е обезбедување што повеќе работни места. Општинската стратегија се потпира на три столба, односно на придобивките од природата.

Условите за развој на земјоделството и производството на ориз, геотермалните води, како басен со најголем капацитет на Балканот и развој на туризмот, покрај со користење на геотермалните води за користење на туристичкиот центар Пониква се целите врз кои се потпира општината, подвлече Димитровски.

За начинот на привлекување инвеститори во општина Петровец говореше градоначалникот Митевски кој нагласи дека пред неколку години општината била без ниту еден инвеститор и со долг од еден милион евра. Тој истакна дека најпрво почнале со менување на земјиштето од земјоделско во градежно и оти сега општината има голем број инвеститори.

Со добриот, брз и одржлив развој, градоначалникот на Илинден Стојановски рече дека за само две години невработеноста во општината ја намалиле за 11 отсто, односно дека во 2010 година таа била 32 процени, а на крајот од 2012 година 21 процент.

Општина Гевгелија, според градоначалникот Франгов, има 20 отсто невработени, но нагласи дека општината работи на намалување на овој процент и инвестира во индустриските зони, што, како што рече, тоа е една од причините за привлекување нови инвеститори.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Град Скопје: Дали најавите на Мицкоски за набавка на нови автобуси се причина за блокадата на Скопје од советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски