ДОМ јавно прашува кој ги мами луѓето во Тимјаник?
„Зашто, најверојатно се работи за голема измама на граѓаните од убавото неготинско село дека може да имаат некаква, било каква штета кога нивни сограѓани ќе станат неколку лица со попреченост.
Тврдиме дека е ова измама и грда лага, која се стреми луѓето од Тимјаник да ги направи нелуѓе. Лага, која тргнува од негирање на човековото право на лицето со попреченост да живее достоинствен живот на човек.
Апелираме, ги замолуваме граѓаните на Тимјаник, сите Луѓе во Тимјаник да не бегаат од човечноста во себе, а со тоа и од човечноста кон лицата со попреченост кои сакаат да бидат нивни сограѓани“, велат од ДОМ преку писмено соопштение.