Ендуро Тим Водно со забележителни резултати на трките од мотокрос шампионатот во Лагово

Од:

На првата трка која се одржа на патеката „Лагово“ кај Прилеп во организација на мото клубот Ноќни волци во соработка со екстрим клубот Сторм Рајдерс мотокросистите од Ендуро Тим Водно Скопје беа успешни речиси во сите класи.

Во класата MX2 Христиан Станковиќ убедливо и речиси без конкуренција победи во двете трки, а Виктор Караколев заврши на 4. место.

Во класата MX3 Диме Цветков ја освои 3. позиција.

Најголемото изненадување го приреди дебитантот Христијан Бузалковски во класата MX Open каде во двете трки го освои првото место, а Владимир Димов 9. место.

Оваа трка е прва трка после неколку години која се бодува за Македонскиот мотокрос шампионат.

Би можело да ве интересира

Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Сан Марино

Ана Ололовска

Мотоциклистот Дупаские почина од повреди здобиени при пад на трка

Ана Ололовска

Ендуро Тим Водно организира кампови за напредни мотокрос и ендуро возачи

Ана Ололовска

ВИДЕО: Хорор-судир во Бразил, загина мотоциклистот Матеус Барбоса

Жарко Настоски

Награди за најдобрите во автоспортот за 2019 година

Ана Ололовска

Во Орман одржани мотокрос трки

Ана Ололовска