Бошњаковски: Заев, Димитров и целиот состав на владата се на единствена линија, посветени на решавање спорови

Од:

Владата ги отфрла тврдењата во некои медиуми за наводни поделби и разногласија. Тврди дека е единствена и посветено работи на решавање спорови, како и на јакнење на достоинството и идентитетот на граѓаните на Република Македонија.

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски, не постојат никакви поделби во Владата на Заев.

– Премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и целокупниот состав на Владата на Република Македонија се на иста, единствена линија, цврсто определени и посветени на решавање спорови и јакнење на достоинството и идентитетот на граѓаните на Република Македонија, вели Бошњаковски.

Според него, Владата и сите нејзини членови заедно дејствуваат кон исполнување на стратешкиот идентитет на Република Македонија, членство во НАТО и ЕУ и низ тој процес на обезбедување подобар живот на сите граѓани на нашата земја.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните