Кичевските бизнисмени на средба со претставници на Делегацијата на ЕУ за искористувањето на парите од фондовите

Од:

Бизнис заедницата од Кичево синоќа оствари средба со претставници на Делегацијата на ЕУ во Скопје на која стана збор за користењето на парите од европските фондови.

Никола Бертолини, раководител на Единицата за планирање истакна дека е потребно да се следи состојбата во приватниот сектор, проблемите со кои се соочуваат компаниите при искористувањето на европските програми, со цел поголема искористеност и приближување на можностите за поддршка на компаниите од страна на Делегацијата на Европската Унија во Скопје преку фондовите на инструментот за предпристапна помош.

Претставниците на бизнис секторот ги изнесоа своите согледувањата за користење на предпристапните програмите од ЕУ и посочија на малата искористеност во регионот, која се должи на несоодветно квалификуван кадар и големата централизација.

При тоа посочија и неколку проблеми кои се заеднички за целиот бизнис сектор како што се немање доволно работна сила поради големото иселување, а истакнаа и дека е потребна и подршка за стимулирање, обуки, практикантство, подобрување на недооформената локална индустриска зона, односно инфраструктурата, подобрување на несооодветните тендерски услови каде компаниите кои се мали по обем не можат да учествуваат.

Претседателот на Регионалната коморa со седиште во Кичево Игор Соколески потенцираше дека регионалното делување е значаен сегмент за развојот на стопанството, како и соработката на компаниите во насока на подобрување на бизнис климата и дека Стопанската комора на Македонија е активно вклучена во имплементацијата и креирање на бизнис амбиент согласно Европската унија и нејзините политики и директиви.

Би можело да ве интересира

Хаос во Кичево: Во еден ден казнети дури 86 возачи за сторени сообраќајни прекршоци

Криминал во Кичево: Директор на Јавното комунално претпријатие наредил отпадот да се складира на дива депонија

Горан Наумовски

Кривична за градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари

Син го уби таткото со секира

А1он

Насилник со нож нападнал ученици, полицајци и обезбедување во болница

14-годишен малолетник од Кичево осомничен за силување на четиригодишно девојче