Петмина демонстранти загинаа, а 20 се повредени во судир со војниците во Фалуџа, централен Ирак.
Инцидентот се случил кога демонстрантите почнале да фрлаат камења врз војниците кои отвориле оган.
Војниците се обиделе да ги спречат демонстрантите да стигнат до центарот на градот, каде биле планирани протести.
Во Ирак продолжуваат протестите против шиитската Влада.