Повреден мотоциклист од кичевско Челопеци, во него удрило возило на авто-школа

Од:

Дваесетгодишен мотоциклист од кичевското село Челопеци синоќа е тешко повреден откако во него удрило возило на авто-школа управувано од кандидат за возач.

Како што е наведено во полицискиот билтен синоќа во 18:50 часот на магистралниот пат А2, патничко возило „Фиат“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на авто-школа од Кичево, а управувано од кандидат за возач А.С. (18) од Кичево, во присуство на инструктор Б.С. (26) од Кичево, удрило во мотоцикл „Сузуки“ со охридски регистарски ознаки, управуван од С.Б. (20) од с.Челопеци кичевско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, кој поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.

Би можело да ве интересира

18-годишно момче со автомобил усмрти пензионер, па избега од местото на нсреќата

Фатмир Дехари ќе се бори за уште еден градоначалнички мандат во Кичево

Горан Наумовски

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари

Катерина Ѓуровски

Хаос во Кичево: Во еден ден казнети дури 86 возачи за сторени сообраќајни прекршоци

Криминал во Кичево: Директор на Јавното комунално претпријатие наредил отпадот да се складира на дива депонија

Горан Наумовски

Кривична за градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари