Вицепремиерот задолжен за еворпски прашања Бујар Османи денеска пред невладините организации и опозицијата го презентира Планот 18 кој се уште е во „драфт“ верзија и е на некој начин продолжение на Планот 3-6-9, кој заврши со препорака од Европската комисија.
Планот 18, како што кажа Османи, ќе се однесува на реформи во правосудството, јавната администрација, безбедносните служби, спавување со нелегални миграции и економијата.
Османи додаде дека во Планот 18 ќе бидат додадени сите препораки од Европскиот извештај.
– Од Планот 3-6-9 видовме дека Македонија има потенцијал, кој доколку се стави во рамка, може да се постигнат чуда. Ние успеавме во тоа – од земја која беше на работ на амбис, направивме земја со иднина. Реформите и интеграцијата ги разбираме како суштински промени кон европските стандарди, рече Османи.
Вицепремиерот истакна дека овој месец е многу важен и ќе ја одреди иднината на државата.
– Нашите цели не се само затворање на политичките спорови туку и суштински промени во државата. Ова е генерациска обврска што ја добивме од граѓаните од сите етнички заедници, рече Османи.
Виктор Јованов