Анѓушев: Очекуваме растот на БДП да биде во рамки на предвиденото

Од:

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев е оптимист дека до крајот на годината растот на БДП ќе биде во рамки на предвиденото.

– Сакам само да ги информирам сите граѓани на РМ дека ние внимателно го проанализиравме податокот на Државниот завод за статистика. Имаме раст во земјоделството, производството, односно индустријата, услужните дејности, трговијата и единствен пад има во нискоградбата. Раст има во градежните дејности во високоградбата, но нискоградбата има пад од 35 до 40 проценти и тоа е она што БДП го влече надолу. Намалување на активностита на компаниите Синохидро и Трансмет и неколку градежни компании што влегоа во пондерот за пресметка на БДП го прават ваквиот резултат, изјави Анѓушев одговарајќи на новинарско прашање на конференцијата во Струга во врска со објавениот податок за раст на БДП во првиот квартал од 0,1 процент,

Тој посочи дека ќе почнат да се реализираат и проектите, односно изградбата на автопатот Кичево-Охрид.

Според него, ценовен шок може да предизвика растењето на цената на нафтата на светските пазари.

– Тоа е поврзано и со раст на цената на електричната енергија. Но, новиот Закон за енергетика нуди решение како преку универзален снабдувач цената на електричната енергија произведена во домашното производство, односно во ЕЛЕМ, да стигне до граѓаните и да ги заштити од таквите ценовни шокови, рече Анѓушев.

Не знаеме, додаде, што ќе се случува со берзанските цени на нафтата, струјата, гасот во текот на следните години.

– Веројатно никој тоа не може да го претпостави и токму затоа со разбирање на Енергетската заедница утврдивме механизам во Законот за енергетика за да ги заштитиме македонските граѓани од такви шокови, потенцира Анѓушев.

Би можело да ве интересира

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Економскиот раст годинава 2,3%, инфлацијата 3,5% проектира Народна банка

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница