Општина Кичево одлучи да постави целосно нова инфраструктура во сероисточниот дел на градот, односно улиците „Исен Акиоски” и „Прилепска”.
Овој дел на градот Кичево е подложен на чести поплави бидеќи се наоѓа во непосредна близина на Зајашка река, па од тука локалната власт одлучи да ја реконструира инфраструктурата на делот што го опфаќа територијата од стадионот на „Велазерими” па се до мостот што го поврзува со населбата „Бичинци”.
– Со реконструкцијата покрај што е поставена нова водоводна мрежа, нова фекална канализација прв пат ќе поставиме и атмосферска канализација се со цел колку толку да го заштитиме овој дел на градот од можни поплави, бидеќи често пати бил поплавен во изминатиот период, вели директорот на Ј.П.„Комуналец“ Зенел Јонузи.
Тој додаде дека по поставувањето на новата подземна инфраструктура ќе уследи асфалтирањето и уредувањето на овие улици на градот Кичево.
Со оваа инвестиција локалната власт, но и жителите на овој дел на Кичево се надеваат дека ќе бидат заштитени од можните поплави во идниот период.