Баскерфест караванот започнува од Охрид

Од:

Овој викенд ќе започне да патува караванот кој носи среќа- Баскерфест 2018. Првото улично шоу ќе се одржи во Охрид, во петок и сабота (08 и 09 јуни).

Во недела на 10-ти јуни, Баскерфест караванот се сели во скопската општина Ѓорче Петров, на 15.06 и 16.06 во Кочани, на 18-ти и 19-ти во Велес, на 20-ти и 21-ви во Штип, на 21 јуни во Македонска Каменица и од 22.06 до 24.06 во општина Центар.

Традиционално фестивалот на улични уметници Баскерфест ќе се одржи на градскиот плоштад „Македонија“ од 12-ти до 17-ти јуни.

Посетителите ќе имаат можност да проследат, но и интерактивно да се вклучат во повеќе од 20 точки на артисти од целиот свет. Ќе уживаат со акробатот Енди Ди од Канада кој изведува акробации со помош на огромен хулахоп, ќе се забавуваат на Мистер Ф од Франција-баскер изведувачот кој ќе ги освои со џиновскиот балон, крвта ќе им се смрзне од точката на Козани и Венди од Аргентина.

Со Еспума Брума која оди на јаже ќе имаат адреналиско доживување, од далечната Јапонија ќе долета Хиро-Сан, мајсторот на боречките вештини, а ќе може да го погледнат и Максимо Оптимо кој беше дел од шпанската верзија на „Јас имам талент“, со точката која предизвика бурни реакции- жонглирање со моторни пили.

Би можело да ве интересира

Денеска започнува Баскерфест

Ана Ололовска

Наредните два дена „Баскерфест 2018“ на Градскиот плоштад во Охрид

Ана Ололовска

13-то издание на фестивал со улични изведувачи-Баскерфест 2018

Ана Ололовска

Во Велес заврши петтиот „Баскерфест“

Ана Ололовска

Во Велес започна петтиот „Баскерфест“

Ана Ололовска

Во Велес по петти пат „Баскерфест“

Наум Локоски