Фазлиу на министерска конференција во Загреб

Од:

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу денеска во Загреб учествува на министерска конференција на тема „Поттикнување на кохезијата и конкурентноста преку регионална соработка” во организација на Министерство за регионален развој и ЕУ фондови на Хрватска.

Како што соопшти Министерството за локална самоуправа, хрватската министерка за регионален развој и ЕУ фондови Габријела Жалац, домаќин на конференцијата, истакна дека на Форумот на Јадранско-Јонската иницијатива во Катанија, пред само една недела, осумте земји, членки, прифатиле Република Македонија да биде деветата земја членка, по што ќе следува формалната потврда од Советот на ЕУ и од ЕК, со што Република Македонија станува дел од макрорегионалната структура во рамките на регионалната развојна политика на Унијата.

Според министерот Фазлиу, единствено преку вклученост на сите земји од регионот во макро регионалната политика на ЕУ ќе може да се обезбеди економски и социјален просперитет и раст на регионот преку подобрување на неговата атрактивност, конкурентност и поврзаност.

– Владата на Република Македонија во овој период прави огромни напори за унапредување на процесот на интеграција на Република Македонија во ЕУ. Позитивниот Извештај на ЕК за напредокот на земјата во сите области и чистата препорака за отпочнување на преговорите со Унијата за нас се голем мотив и поттик да ги интензивираме реформите и да го отвориме процесот на преговори. Владата на Република Македонија од првиот ден работи на регионалното поврзување и соработка како еден од главните услови за интегрирање во ЕУ, истакна Фазлиу.

Тој додаде дека во текот на 2017 година Република Македонија има рекордна сума искористени средства од ИПА инструментот на ЕУ, односно, неколку пати повеќе во споредба со претходните години.

– Во вториот ИПА програмски период Министерството за локална самоуправа ја координира имплементацијата на програмите за прекугранична соработка со сите соседни земји – Бугарија, Албанија, Грција, Косово и Србија, како и програмата за трансгранична соработка, за кои се наменети вкупно околу 100 милиони евра. На овој начин националните развојни политики финансирани со буџетски средства добиваат додадена вредност и преку ЕУ финансирањето, но уште поважно е градењето на свест за нужноста од соработка од што добиваат сите, посочи Фазлиу, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

Левица: Инфлацијата јаде, владата молчи