Индискиот милијардер Субрата Рој, кој престојува во Република Македонија денеска ќе биде примен од претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов во претседателската вила „Водно“.
Субрата Рој вчера беше во Охрид за да ги претстави плановите за инвестирање во Македонија и ја посети локацијата кај Љубаниште каде што треба да гради туристички комплекс на крајбрежјето на Охридско Езеро.
Рој, за време на престојот, ќе разгледа и други инвестициски можности во земјава во областа на земјоделството, туризмот и други економски сектори.
Домаќин на Субрата Рој е вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.