Општина Кичево работи на средување и асфалтирање на поголемиот дел на улиците во најновата населба на Кичево наречена „Раштани“. Средствата се обезбедени од Општината.
Овој дел на градот со голема брзина се шири и општина Кичево се обидува да ја обезбеди потребната инфраструктура.
– Патиштата се многу важни па од тука со почетокот на градежната сезона и ние со поголем интензитет работиме на асфалтирање на улиците на оваа населба на нашиот град, вели Бурим Кадриу од општина Кичево.
Тој додаде дека поголем дел на главните улици веќе се во завршна фаза, односно веќе се асфалтирани.