Анѓушев: Има заинтересирани инвеститори за „Колска“ и „Еурокомпозит“

Од:

Државата распиша повик за избор на меѓународни консултанти кои ќе изработат документација за приватизација на велешката фабрика за шински возила „Колска“, прилепскиот загубар „Еурокомпозит“ и ски центарот Попова Шапка.

– Се распишува тендер за консултантски услуги за да се изработи професионален дју дилинџес, правен, технички и финансиски, за секој кој ќе сака да влезе во приватизацијата на овие компании има транспаретни податоци еднаква почетна стартна позиција. Сакаме да избереме меѓународни професионални консултантски куќи од редот на најголемите за тие извештаи да бидат валидни и атрактивни за сите странски инвеститори, информира денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев, одговарајќи на новинарски прашања.

Како што потенцираше, и за „Колска“ и за „Еурокомпозит“ има иднина и заинтересирани инвеститори и во тие капацитети ќе биде потребен и поголем број од сегашните вработени.

– Вработените не само што ќе останат, нормално тие кои ќе го сакаат тоа, туку и ќе бидат малку, бидејќи и во едната и во другата фабрика за да се одвива технолошкиот и производствениот процес во целост недостасуваат вработени, доколку се воспостави активноста така како што треба. Длабоко сум убеден врз база на тоа што го имам како сознание и интерес од компаните од светот дека и „Колска“ и „Еурокомпозит“ имаат иднина и оти дополнително ќе вработуваат, пред се млад и стручен кадар кој ќе биде потребен за обновување на технолошкиот процес, изјави Анѓушев.

Одговарајќи на новинарско прашање, рече дека се разгледува барањето на земјоделците за владина помош поради ниската откупна цена на јачменот со Програмата за поддршка на земјоделството.

– Сметаме дека Програмата за поддршка на земјоделството треба да претрпи подлабоки реформи, министерот за земјоделство и неговите соработници посветено работат на тоа, јас сум вклучен во таа работа, и ќе предложиме мерки кои ќе бидат поповолни за земјоделците. Сета помош која е дадена кон земјоделците годинава е значително поголема од која било помош која е дадена досега, а за разлика од порано таа стаса до реалните земјоделци, наведе Анѓушев.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница