Стојановски: Могила во кал, а градоначалникот се луксузира

Од:

Граѓаните на општина Могила и натаму ќе газат во кал до колена, додека градоначалникот Велевски си се сместил во удобна фотеља во новата зграда! Ова е епилогот, по завршувањето на проектот на ДПМНЕ за реновирање на општинската зграда на Општина Могила, ни помалку ни повеќе тежок 180.000 Евра, укажа на прес конференција, Томе Стојановски, кандидат за градоначалник на општина Могила од Сојузот за иднината.

Изнесе информации дека расфрлањето со општински пари не е завршено. Во тек вели, е нов тендер за партерно уредување на зградата на Општината вреден уште 5000 Евра.

Најстрашно е, што тоа е направено и се прави на кредит. Тој кредит ќе го отплаќаме сите ние, во наредните 10 години. Градоначалникот Велевски по 4 мандати повторно ги измеша приоритетите и наместо овие пари да ги искористи за инфраструктурни проекти во Општината, тој по пример на неговиот шеф Груевски, ги фрли на луксуз.Прашање е како ќе реагира Груевски кога свитата од владини министри кои вчера сееја магла на партиската трибина ќе му пренесат дека фасадата не е изградена во бароктен стил, што стана синоним за ДПМНЕ преку проектот Скопје 2014. Патем речено трибината ја темпираа во време кога сточарите си ги молзат кравите само и само да ги избегнат прашањата поврзани за Сведмилк, рече Стојановски.

Праша, зошто градоначалникот Славко Велевски не спроведе јавна дебата, за граѓаните да одлучат што за нив е поприоритетно во овој момент? Каде подобро да се искористат парите, за зградата или за улици, водовод и канализација?

Праша и колкава е реалната цена на овој проект. Како е можно да се потрошат 180.000 Евра само за реконструкција на постојниот објект? Постои ли јавен увид во постапката, дали има елаборат колку би чинела изградбата на целосно нова зграда?

Ова се прашања на кои одоговор бараат граѓаните на Општина Могила. Но, знаејќи го начинот на кој владее ДПМНЕ, одговор сигурно нема да добиеме.Па тие години наназад кријат колку реално чини прокетот Скопје 2014, рече Стојановски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите