Гостивар: Наплатата на даноци бележи зголемување во првиот квартал

Од:

Реализираните јавни приходи во основниот буџет на општина Гостивар за првиот квартал од 2018 година, споредено со истиот период минатата година, бележат пораст од 13 проценти.

Лани во првиот квартал од минатата година биле реализирани 60.739.493 денари, додека во истиот период од оваа година наплатата достигнала 68.502.722 денари. Најголемо влијание на овој пораст, има наплатата на данок на имот и на комуналните такси и како што наведуваат од локалната самоуправа, тој дел зависи, пред сé, од ангажирањето на општинската администрација.

Кај данокот на имот има пораст за 42 проценти. Од 11.770.673 денари колку што имало во првиот квартал од минатата година, на 16.719.149 денари за првиот квартал од оваа година. Пораст од 12 отсто има и во наплатата на комунални такси, односно од 14.203.738 денари во првиот квартал од 2017 година на 15.909.149 денари во првиот квартал од 2018 год.

– Овие две ставки на приходи од даноците се всушност оние врз кои влијае довербата на граѓаните во општината како институција, но и посветеноста на општинската администрација, објаснува раководителот на Секторот за финансии и буџет, Садри Елези.

Од Општина Гостивар, апелираат до граѓаните редовно да ги плаќаат даноците и комуналните такси, кои, како што наведуваат од службата за информирање, потоа им се враќаат во форма на инвестиции и услуги за поквалитетен живот.

Би можело да ве интересира

Мотоциклист и сопатник се повредени во сообраќајка во Гостивар

Притвор за осомничените за убиството во Гостивар, мотив било несогласувања и конфликти

Убиство во Гостиварско, застрелан жител на Дебреше

Предраг Петровиќ

АХВ времено ја затвори кујната на угостителскиот објект во Гостивар по пријавите на труење со храна

Деветмина се затруле со храна во Гоствар, јаделе во ист угостителски објект

Ендокринологот Ваљбон Лимани избран за в.д. градоначалник на општина Гостивар