Речиси нормализирано функционирањето на платежниот систем на Виза

Од:

Функционирањето на платежниот систем Виза речиси се нормализира, се наведува во соопштението од компанијата.

Вчера, Виза соопшти за проблеми при услугите, поради што беа оневозможени некои трансакции во Европа да бидат обработени.

Подоцна, фирмата информираше дека нивните системи функционираат „блиску до нормалното ниво”.

Компанијата информира дека проблемот бил „резултат на хардверски дефект”.

„Немаме причина да веруваме дека тоа било поврзано со некој неовластен пристап или злонамерен настан”, соопшти Виза.

Би можело да ве интересира

Мерц: Разговорите со Франција и Велика Британија за споделување нуклеарно оружје не како замена за заштитата на САД

Лавров: Зеленски стана нацист, а Европа сака борбите да продолжат

Трамп: Треба повеќе да се грижиме за мигрантите, да не завршиме како Европа

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Орбан: Европа не е тоа што беше, иднината е во другите региони

„Билд“: Американските војници се повлекуваат од Европа