Бардул Даути – нов министер без ресор

Од:

Бардул Даути е новиот министер без ресор во Владата на Република Македонија.

Даути дипломирал на Факултетот за економија и бизнис на Универзитетот на Југоисточна Европа-Тетово, магистрирал на Универзитетот во Стафордшире во Велика Бротанија, а докторирал на Универзитетот во Љубљана. Од 2006 година бил ангажиран на Универзитетот во Тетово на повеќе работни позиции.

Од 2016 до 2017 година бил пратеник во Собранието на Република од Демократската партија на Албанците (ДПА), а од 2012 до 2016 бил советник во општина Тетово.

Во 2014 година бил потпретседател на ДПА. Учествувал и на неколку работилници од областа на политиката.

Даути има издадено повеќе книги, а неговите научни трудови се објавени во економски списанија.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски