Аргентинскиот министер за култура беше принуден да се извини на јавноста откако на една изложба во Буенос Ариес изеде парче торта кое што ја претставуваше раката на Исус.
На изложбата на современа уметност на аргентинските уметници Маријанела Перели и Пола Паолиња, кои настапуваат под уметничкото име „Пол и Маријанела“ беше изложена торта во облик на телото на Исус Христос.
Откако на социјалните мрежи беше објавено видео како министерот за култура ја изеде раката на Исус се најде на осуда од јавноста.
Најостро изреагираа католичките верници.
– Ги повредивте длабоко религиозните луѓе и католичките христијани. Не ја заслужуввате улогата која ја вржите за народ роден под крстот и меч, се наведува во една критика упатена до министерот Енрике Авогадро.
Против аргентинскиот министер за култура е започната и петиција со која што граѓаните бараат негова промена или оставка.
Авогадро преку неговиот Фејсбук профил се огласи и се извини доколку некој бил навреден.
Надбискупот од Буенос Аирес, кардиналот Марио Поли чинот на министерот го опиша како навреда на религиозниот дух