Продажба и дополна на „Скопска“ на нови 45 места

Од:

Картицата „Скопска“ на ЈСП -Скопје од денеска ќе може да се дополнува на уште 45 продажни места, пред се, на најфрекфентните места во градот.

Како што соопштија од Јавното сообраќајно претпријатие, освен во 32 -те билетарници на претпријатието, оспособени се нови 45 апарати од Интегрираниот тарифен систем во секундарната продажна мрежа, а планирано е до среда во функција да бидат ставени уште 15 апарати.

Од ЈСП информираат дека е објавен јавен повик до сите заинтересирани продавници за соработка, но на колку места ќе може да се надополнува „Скопска“ ќе зависи од интересот на субјектите до кои има јавен повик за соработка.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели

Нормализиран автобускиот сообраќај во Скопје, нафтата се испорачува сукцесивно

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Град Скопје: Со часови се чека автобус за училиште и работа поради суетата на Мицкоски

Горан Наумовски