Рускиот премиер Дмитриј Медведев рече дека било каков облик на ривалство со рускиот претседател Владимир Путин на претседателските избори во 2018 година е невозможен.
Мислам дека тоа би било погрешно и невозможно бидејќи ние ѝ припаѓаме на една политичка сила. Според тоа, не ни е потребно ривалство – рече Медведев.
Говорејќи за учеството на претседателските избори во 2018 година, Медведев рече дека треба да се почека и да се види што носи иднината.
Сакам да го финализирам овој дел од мојот живот и работа. Уште имам доволно сила да работам – истакна Медведев и додаде дека останатото ќе зависи од неговите одлуки, како и од политичката судбина.