Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево, преку планинскиот премин Стража и на кракот Маврово-Дебар е укината во 13:15 часот, информира Авто мото сојузот на Македонија.
На планинскиот превој Буково и на патниот правец Ресен-Битола преку Ѓавато остануваат забраните за движење на тешки товарни возила.
На останатите магистрални и регионални патни правци низ државата сообраќајот се одвива во зимски услови. На повисоките места во западните и југозападните делови коловозите се влажни, наместа со остатоци од кашест снег.
Поголема внимателност се препорачува на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони.