(ВИДЕО) Поповски: Секој физички или вербален напад врз новинарите ќе биде санкциониран

Од:

Секој напад врз медиумските претставници, физички или вербален, ќе биде најостро осуден и санкциониран, тоа е нашиот придонес и заложба за враќање на достоинството на новинарската професија и создавање услови за професионално извршување на задачите на новинарите и медиумите, изјави денеска министерот за транспарентност и отчетност, Роберт Поповски.

-За оваа влада не постои оправдување за никакви притисоци, закани уцени врз новинарите и медиумските работници за било каков обид за загрозување на медиумските права и слободи. Ставот на владата е неколку пати афирмиран, 0 толеранција за било каков обид за загрозување на слободата на говорот и изразувањето, рече Поповски.

Тој истакна дека јасно и отворено како влада ги осудуваат сите напади врз новинари кои се случиле во изминатиот период поради кои, според него, Република Македонија била обележана како заробена држава.

-Република Македонија беше квалификувана како заробена држава поради крајно загрижувачките извештаи за слободата на медиумите и изразувањето во државата. Новинарите беа заплашувани, уценувани, затворани, неформално осудени на живот во постојан страв од политичката и институционалната одмазда поради професионалното извршување на својата работа. Правдата беше селективна и не важеше подеднакво за сите, а со молкот на надлежните институции дополнително се поттикнуваше стигматизирањето на новинарите, рече Поповски.

Министерот за транспарентност и отчетност, апелираше до Јавното обвинителство и судовите да постапуваат максимално професионално и да ги преземат сите мерки што се во нивна надлежност за секој напад или закана против медиумските работници.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Манчевски и Поповски ја потпишаа Декларацијата против говорот на омраза во медиумите

Наум Локоски

(ВИДЕО) Анѓушев и Поповски: Владата има јасна и недвосмислена политичка волја за справување со корупцијата

Наум Локоски

(ВИДЕО) Поповски: Во Прембулата, по „граѓаните на Северна Македонија“, да стои „македонскиот народ“

Наум Локоски

(ВИДЕО) Поповски: Поддршката на Владата на РМ за печатените медиуми е наш придонес за ова новинарство

Наум Локоски

Министерот Поповски апелира Академијата за судии и јавни обвинители да обезбеди јавност при изборот на директор

Наум Локоски

Поповски-Дезир: Блокирањето на донесувањето на законот ги попречува очекуваните медиумски реформи

Наум Локоски