Пожарникарите од ППЕ-Кичево со одлука на Советот на општината, а по барање на градоначаникот Фатмир Дехари ќе добијат нови униформи и друга пропратна опрема за нивни потреби.
Советниците на Советот на општина Кичево денеска на седница поддржаа формирање комисија за меѓуопштинска соработка со општината Долнени.
– Формиравме едногласно комисија за меѓуопштинска соработка во сите полиња на делување со општината Долнени, целта е да и помогнеме на оваа рурална општина со нашите кадри кои таа во моментот ги нема, рече советничката Ардита Дани.
На седницата беше усвоена и предлог програмата за дијагноза, спречување и подобрување на деформитетите на рбетот кај децата од основните училишта на општината.
Поминаа и неколку предлог – одлуки за изменување и дополнување на ДУП-от за неколку индивидуални барања на граѓани упатени кон Советот на општината.