Стипендии за истакнати ученици од лозаровинарската струка предвидува Меморандумот за соработка, кој деновиве го потпишале Средното општинско земјоделско шумарско училиште „Ѓорче Петров“ и винарската визба „Тиквеш“ од Кавадарци. За ова информираа денеска од средношколскиот центар.
– Двете страни ќе работат на заеднички проекти од истражувачки, развоен и научен карактер. Соработката исто така ќе биде и во едукативни процеси, преку ангажирање на стручни лица од практиката, за реализација на “учење преку работа”. Ќе се организира и реализира практична настава за учениците, соопштија од училиштето.
Пред некое време, земјоделско шумарското училиште ваков меморандум за соработка и стипендирање на истакнати ученици од шумарската струка, потпиша со Јавното претпријатие “Македонски шуми”.