Патеката и плажите во Дојран повторно поплавени

Од:

Пред само еден месец реконструираната рекреативна патека долж Дојранското Езеро како и плажите, повторно се под вода поради покачувањето на нивото на водата од последните врнежи од дожд.

Пред стартот на летната сезона ваквата состојба со нерегулираното ниво на езерото може да им донесе сериозни проблеми на дојранчани, но градоначалникот Анго Ангов вети дека локалната самоуправа ќе направи се што е во нејзина надлежност штетите да се санираат и сосотојбата да се врати во нормала.

– Општината ќе ги преземе сите неопходни мерки патеката и плажите да се поправат и состојбата целосно да се среди пред доаѓањето на првите туристи во јуни. Интензивно работиме на оспособување и ставање во функција на плажите „Калдрма“, „Свети Никола“, „Карач“, како и плажата во селото Николич. Тие ќе функционираат по највисоки стандарди и освен вообичаените реквизити за езерски плажи ќе нудат многу забавни содржини, нагласи Ангов.

Ангов најави дека штетата на патеката и плажите ќе биде санирана, но рече дека Дојран може да се соочи со сериозни проблеми доколку не се регулира нивото на езерото кое поради дождот моментно е десетина сантиметри над дозволеното.

– Поради овој проблем во преговори сме со грчките власти од спротивната страна на езерото и очекуваме набрзо повторно да се стави во функција каналот од којшто ќе истекува вишокот вода од езерото. Со тоа сигурно ќе го спречиме натамошното евентуално прелевање на езерската вода и уништување на плажите и рекреативната патека, потенцира Ангов.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран

Изгаснат е пожарот кај Стар Дојран

Горан Наумовски

Ветрот не дозволува да се стави под контрола пожарот кај Стар Дојран

Пожарот во Дојран брзо се шири, градоначалникот бара помош и вели веројатно е подметнат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пожар во Дојран: зафатени три куќи, се евакура населението

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Поради пожарот на Богородица/Евзони, возилата се пренасочуваат на Дојран

Катерина Ѓуровски