ВМРО-ДПМНЕ: Додека Зоран Заев и СДСМ ја пустошат Македонија судот слепо извршува политички нарачки

Од:

„Државата се презадолжува, граѓаните осиромашуваат, а Зоран Заев се обидува да ја покрие катастрофата со нарачани судски пресуди.

Националните интереси се распродаваат, се тргува со Уставот и со нашето потекло, а поткопувањето на идентитетот Зоран Заев се обидува да го покрие со политички процеси и казни преку заробеното судство.

СДСМ продолжува со политичкиот прогон во Македонија. Правната држава е укината, а политичките пресуди станаа секојдневие.

Додека Зоран Заев и СДСМ ја пустошат Република Македонија судот слепо извршува политички нарачки.

Судот стана партиска експозитура на Заев и СДСМ. Правосудството не го интересираат ниту аргументи, ниту докази ниту факти туку слепо извршување на партиската задача на Заев.

Додека политичките неистомисленици на Заев секојдневно се малтретираат и им се изрекуваат драконски затворски казни, самиот Зоран Заев беше ослободен од барањето за поткуп каде сведок беше целата македонска јавност. Беше ослободен како што беа ослободени и обвининетите од Moнструм и Сопот.

Судот и Зоран Заев го прават целиот македонски народ слеп и глув за криминалите на овој човек.

Барање поткуп беше евидентирано со судска наредба, но видео во кое бара едно евро за Вице и евро за црквата беше отфрлен од судот како доказ.

Сите овие процеси се прават се со цел јавноста да се дефокусира од штетните и катастрофални антидржавни политики што ги спроведува СДСМ и Зоран Заев.

Треба да се заборават и 500 евра просечна плата, 100 илјади денари за докторите, 500 километри автопат и ред други нереални ветувања од страна на Зоран Заев и СДСМ

Картелот на власт сака граѓаните да останат слепи пред грабежот кој и се случува на Македонија, невиден од времето на криминалната транзиција. Ова зло мора да си оди, оваа елементарна непогода олицетворена во криминалниот картел на Зоран Заев мора да си замине. Правдата ќе се врати во Македонија со заминувањето на картелот од власт, а сите оние кои во правосудниот систем сега работат по нарачка на Заев ќе сносат одговорност.

Оваа ненародна власт, мора да си оди. Политичката злоупотреба на институциите мора да запре. Економијата не смее дополнително да паѓа. Државата заслужува подобро. Граѓаните заслужуваат подобро. Затоа ајде сите заедно да излеземе и на 2 јуни во 20 часот пред владата на Република Македонија, да и кажеме не на оваа недемократска власт“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место