Еврокомесарот за финансиски прашања го поздрави унапредувањето на фискалната транспарентност во земјата

Од:

Министерот за финансии и македонската делегација на работен состанок со Еврокомесарот за економски и финансиски прашања, Пјер Московичи. Ова е прва средба на министер за финансии на Република Македонија со Еврокомесар за економски и финансиски прашања.

Министерот Тевдовски ја потенцираше посветеноста на реализација на стратегијата за управување со јавните финансии.

„Стратегијата која за беше презентирана во септември е прва сеопфатна рамка донесена од Владата за управување со јавните финансии во државата. Европската Унија ги поздрави и поддржа мерките во стратегијата и е партнер на Македонија во нејзиното спроведување“.

Еврокомесарот Московичи ги поздрави реформите во насока на зголемување на фискалната транспарентност.

„Дискутирани беа сите реформи предвидени во Стратегијата. Еден од клучните столбови за управување со јавните финансии е системот на јавни набавки. Јавната дискусија со сите засегнати страни и синхронизацијата со европските стандарди ќе го гарантираат квалитетот на новиот закон за јавни набавки“.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска