150 сообраќајни прекршоци досега регистрирани од безбедносните камери

Од:

Според системот на безбедносен видео надзор во Скопје, досега се регистрирани и доставени околу 150 пријави за сообраќајни прекршоци, а поголем број се уште се во постапка.

Меѓу најчестите регистрирани прекршоци се оние за погрешно паркирање, но и посериозни прекршоци, како на пример минување преку две полни ленти.

„Казните за ваквите прекршоци изнесуваат од 50 до 300 евра во денарска противвредност, но како што најавивме во наредниот период ќе продолжиме превентивно со предупредување, а не со казнување. Кога ќе стартуваме со казнување наместо предупредувања, во зависност од сериозноста на прекршокот, сопствениците на возилата ќе добиваат Платен налог или Покана за глоба и Записник за сторениот прекршок”, изјави министерот за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

„Со ваквиот начин на регистрирање на прекршоците се ограничува арбитрарноста на полициските службеници и можноста на прекршителите да им се простува и прогледува низ прсти. Можам да кажам дека меѓу првите на кои досега им беа доставени предупредувања се двајца познати професори на факултети и селектор на една од македонските национални репрезентации”, изјави Јанкуловска.

Камерите досега и помогнале на полицијата да открие и учесници во сообраќајни несреќи со потешки последици кои бегале од местото на настананот, најчесто оставајќи некој повреден без да повикаат медицинска помош.

Меѓу другите, досега им се доставени предупредувања и на двајца познати професори на факултети и селектор на една од македонските национални репрезентации.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР