Доделени признанија на просветни работници за учебната 2017/2018 година

Од:

Здружението на просветни работници на Град Скопје вчера ги прогласи просветните работници за учебната 2017/2018 година.

Комисијата за избор на Просветен работник на Град Скопје за учебната 2017/2018 година одлучи признание за просветен работник од предучилишно образование и воспитание да и биде врачено на Билјана Брауновиќ воспитувач во ЈУДГ „Весели цветови“-Скопје, а за просветен работник од основно образование, одделенска настава на Марија Матеева, професор по одделенска настава во ООУ„Лазо Ангеловски “ -Скопје.

За просветен работник од основно образование, предметна настава признание и беше врачено на Аида Петровска, наставник по физика во ООУ „Димитар Миладинов“ -Скопје, за просветен работник од средно образование на Снежана Пеловска, професор по биологија во СУГС Гимн. „Раде Јовчевски – Корчагин “ -Скопје, а за стручен соработник Милка Тримчевска, стручен соработник-библиотекар во ООУ „Браќа Рамиз Хамид“ – Скопје.

Согласно статутот на Здружението, секоја година се прогласува просветен работник на годината на Град Скопје од предучилишно образование, од основно образовие и тоа од одделенска и предметна настава, како и од редот на стручните соработници и просветен работник од средно образование. Оваа значајна активност, Здружението ја реализира секоја учебна година во пресрет на 24 мај.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска