Македонско научно друштвo-Битола организираше промоција на поетската книга „Стапалки“ чиј автор е д-р Даниела Андоновска Трајковска, професор на Педагошкиот факултет-Битола.
На промотивниот настан во МНД-Битола, рецезензентот Милица Димитријовска Радевска истакна дека стихозбирката „Стапалки“ содржи три циклуси „Стапалка“, „Вртеж“ и „Крилја“ низ кои се манифестира егзистенцијален порив да се начека промената.
– За некого стапалката е сеќавање за минатото, за изминатиот живот, за грешките и заблудите кои ги оставаме зад нас како накиснати птици во есен, како разлутен ветер во градите, како заскитан залак во грчманикот, а за други пал тоа е проекција на оригиналите на самиот живот, на скудноста и голотијата, на предрасудите и лажната слобода, посочи рецензентот Димитријовска Радевска.
Втората рецензентка Елизабета Јончиќ, предочи дека „Стапалки“ е внатрешен глас за динамичноста на животот излеана низ силен јазичен израз кој ја открива вистината за реалноста на еден свет.
Даниела Андоновска Трајковска е член на МНД-Битола и претседател на Уредувачкиот Совет на МНД-Битола.